„Алкалоид“ предаде во употреба современ магацински простор за готови производи. Вкупната вредност на инвестицијата, која се реализираше за само девет месеци, изнесува 1,2 милиони евра. Магацинскиот простор е изведен на вкупна површина од 1.600 квадратни метри и висина од 13 метри, со 3.114 палетни места за високорегално складирање на козметички производи и медицински помагала. Магацините се опремени со сталажен систем со висина од 12,5 метри, а за манипулација со палетите со готови производи се набавени два високорегални компјутеризирани виљушкари со висина на подигање на товарот до 10,50 метри и стандардна магацинска опрема. Магацинскиот простор е изведен во согласност со најновите стандарди за ваков тип објекти со проверени сеизмички карактеристики и инсталиран софистициран систем за противпожарна заштита, со цел да се обезбеди максимална безбедност за вработените, објектот и материјалите во него.
„Алкалоид“ предаде во употреба современ магацински простор за готови производи. Вкупната вредност на инвестицијата, која се реализираше за само девет месеци, изнесува 1,2 милиони евра.
Магацинскиот простор е изведен на вкупна површина од 1.600 квадратни метри и висина од 13 метри, со 3.114 палетни места за високорегално складирање на козметички производи и медицински помагала. Магацините се опремени со сталажен систем со висина од 12,5 метри, а за манипулација со палетите со готови производи се набавени два високорегални компјутеризирани виљушкари со висина на подигање на товарот до 10,50 метри и стандардна магацинска опрема.
Магацинскиот простор е изведен во согласност со најновите стандарди за ваков тип објекти со проверени сеизмички карактеристики и инсталиран софистициран систем за противпожарна заштита, со цел да се обезбеди максимална безбедност за вработените, објектот и материјалите во него. Управувањето со материјалите се одвива преку САП софтверски систем.
Поголем дел од средствата за оваа инвестиција се обезбедени од сопствени извори на компанијата, а дел се од кредитната линија Веб-сеф на Европската банка за обнова и развој наменети за проекти со енергетска ефикасност кај кои се користат обновливи извори на енергија.
„Во реализацијата на овој проект водевме особено грижа за намалување на нивото на емисија на штетни гасови, заштеда на електричната енергија, инсталирање на топлинска пумпа која обезбедува енергија за климатизација на просторот, користејќи ги подземните води како ресурс, инсталирање штедливи светилки и ЕКО фасадни панели за термичка изолација.
Реализацијата на овој проект се одвиваше во согласност со заложбите на ’Алкалоид‘ за општествена одговорност, грижа за заштитата на животната средина, безбедноста на вработените и за материјалните добра, при што сите стандарди и прописи во изведбата и функционирањето беа доследно почитувани“, информираат од компанијата.